Daily Archives: 05/03/2017

Одбележување на 5-ти Март – Светскиот ден за заштеда на енергија

Ученици од трето одделение реализираа низа  активности со кои го одбележаа Светскиот ден за заштеда на енергија: изработка на постери на тема „Штеди енергија”, пораки за разумно користење на електрична енергија и подигање на свеста за користење на обновливи извори на енергија  (Сончева енергија, силата на ветерот).

Втор интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан вториот интернационален координативен состанок во периодот од 1-3.03.2017 година во Морени, Романија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенските наставници, Тања Јосимовска и Соња Геговска, и директорот на училиштето, м-р Милка Тримчевска.

Цели на состанокот беа:

  • запознавање со романската кутура, традиции и обичаи;
  • запознавање со традиционалната романска уметност;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса: Ликовно, Музичко, Физичко;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на визуелната уметност;
  • разгледување и дискусија на досега остварените проектни активности и исходи;
  • дискусија за активностите и начините за евалуација и следење на проектните активности и исходи;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени до крајот на оваа учебна година.