Daily Archives: 06/03/2017

Петти интернационален натпревар по англиски јазик Hippo 2017

На ден 04.03.2017 година во ООУ”Лазо Ангеловски”, Скопје, се одржа прелиминарниот круг од петтиот интернационален натпревар по англиски јазик Hippo 2017.

Учениците се натпреваруваа во три категории Hippo 1,2 и 3. Секој ученик доби Сертификат за учество во прелиминарниот круг. Им посакуваме среќа на сите учесници и очекуваме пласман во вториот круг.

Општински натпревар по Природни науки и Билогија

На ден 04.03.2017 година, ООУ”Лазо Ангеловски” беше домаќин на општинскиот натпревар по Природни науки и Билогија. На натпреварот учествуваа ученици од сите училишта од општината Аеродром.

Учениците од IV-VI одд. се натпреваруваа по предметот Природни науки а учениците од VII – IX се натпреваруваа по предметот Биологија. Им посакуваме успех на сите учесници и очекуваме пласман на регионалниот натпревар.