Daily Archives: 07/03/2017

Отворен час со примена на ИКТ алатки (Kahoot и Pic Collage)

На ден 7.03.2017 година беа реализирани отворени часови со примена на ИКТ алакти од страна на наставникот по англиски јазик, Љубица Ружинска. Отворените часови се дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“.

Целите на часот беа:

  • разбирање на вокабуларот поврзан животни, делови од телото и способности и употреба на истиот во кратки искази;
  • разбирање на глагол Have/has got и употреба на истиот во кратки искази;
  • разбирање на помошниот глагол Can во контекст на искажување на способности.

За време на часовите беше применета техниката на учење преку проектна задача со примена на ИКТ алаткате Kahoot (онлајн интерактивен квиз) и PicCollage (дигитален постер).