Daily Archives: 24/03/2017

Работилница за примена на PicCollage и PowToon (интерна обука за наставници)

На ден 24.03.2017 година се одржа работилница за примена на фото едитори, создавање на видеа: PicCollage и PowToon. Работилницата е дел од дисиминацијата од посетена обуката за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.