Monthly Archives: April 2017

Регионален натпревар Spelling Bee

На ден 29.04.2017 година на ревиалниот регионален натпревар Spelling Bee, 7 ученици од ООУ”Лазо Ангеловски”, Скопје, обезбедија пласман на државен натпревар.
V одд. – Дејан Додевски, Ирина Малинкова и Миа Терзиќ
VI одд. – Милијана Стојановиќ
VIII одд. – Војдан Велков, Дамјан Велков
IX одд. – Горазд Велков
Честитки и успех на државниот натпревар.

18195024_10212175172072484_3053003021293542029_n

Работилници за „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“ (прв дел)

Во периодот од 24-26.04.2017 година беа одржани 3 работилници за „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“ (прв дел). Темите опфатени во овој дел од обуката беа:

  • запознавање со состојбата со инклузивните и специјалните училишта во неколку други држави;
  • типови потешкотии во учењето;
  • очекувања: наставникот од ученикот, наставник – родител, родител – ученик;
  • тим тичинг (Team teaching) – стратегии за подучување;
  • стилови на учење;
  • планирање за студија на случај (изработка на ИОП)
  • емоции.

Работилниците се дел од дисиминацијата од посетена обуката развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби во Атина, Грција во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ и беа реализирани од страна на наставниците Валентина Петрова, Тања Крстевска, Билјана Колевска, Тања Јосимовска и стручниот соработник Аделина Давидовска.

Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштето.

 

 

 

 

 

Ден на планетата Земја

На ден 22.04.2017 година во нашето училиште преку низа активности беше одбележан денот на планетата Земја.

Во рамките на еко проектот, беше спроведена акцијата: Еко – училница, чија цел беше подигање на еко свеста кај учениците. За таа цел од страна на учениците беа изработувани еко постери со еколошки пораки преку кои учениците дадоа свој допринес во одбележувањето на светскиот ден на планетата Земја. Реализатор на проектот : Марина Кујунџиева

Училиштен ликовен конкурс на тема „Ја сакаме Европа“

Во ООУ„Лазо Ангеловски“, oпштина Аеродром се спроведе училиштен ликовен конкурс на тема „Ја сакаме Европа“ по повод Денот на Европа. Конкурсот беше во две категории- од I до V и VI до IX одд.

На ден 12.04.2017 година, комисијата составена од наставниците Ристо Андреев и Марина Кујунџиева и дефектолог Тина Симиќ Ацковска ги разгледа сите цртежи и ги награди следниве ученици :
I место – Лина Стефанова III4 одделение под менторство на одд. наставници Светлана Јосифоска и Јана Перковска
II место – Лина Продановска V3 одделение под менторство на одделенски наставник Сања Манојловиќ
III место – Сара Богдановска III1 одделение под менторство на одделенски наставници Билјана Колевска, Кристина Башовска
I место – Јана Стојковска VIII4 одделение под менторство на предметен наставник Ристо Андреев
II место – Ангела Горгиевска IX2 одделение под менторство на предметен наставник Ристо Андреев
III место – Леонтина Кузмановска IX2 одделение под менторство на предметен наставник Ристо Андреев.
Ученичките Лина Стефанова III4 одделение и Јана Стојковска VIII4 одделение ќе го претставуваат нашето училиште на ликовниот хепенинг кој ќе се одржи во Капитол мол на 25.04.2017 година (вторник) во период од 10:00 до 12:00 часот по повод Денот на Европа. Честитки до сите учесници и наградени и нивните ментори.