Daily Archives: 01/04/2017

Училишен натпревар за најуспешна првоаприлска маска

На ден 31.03.2017 год. во ООУ”Лазо Ангеловски” се одржа традиционалниот училишен натпревар за најуспешна првоаприлска маска. Според тричлената комисија составена од наставниците Ивана Младеновска, Елена Гашевска и Ристо Андреев доделени се дипломи на следниве ученици:
I место – Андреј Тодоровски I5 одд. и Ивана Минкова IX3 одд.
II место – Сара Богдановска III1 одд. и Лука Димовски VI3 одд.
III место – Богдан Конески IV2 одд. и Сара Станковска VI2 одд.
Најуспешна групна маска- Анастасија Стаменкова и Ива Дичовска.

Регионален натпревар по географија

На ден 1.04.2017 година, на регионалниот натпревар по географија Давид Трајчевски од VIII-3 одд. освои второ место, а Филип Нешкоски од VIII-5 одд. освои прва награда. Наставник ментор- Ане Аврамовска. Им посакуваме успех на државниот натпревар.

Регионален натпревар по француски јазик

На ден 1.04.2017 година, на регионалниот натпревар по француски јазик Сања Бобевска од IX-5 одд. освои второ место а Андреј Талески од IX-5 одд. освои трето место. Наставник ментор- Милена Калиновска. Им посакуваме успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 22.04.2017 година.

Работилница за примена на PicCollage, PowToon, Kahoot и Socrative (надворешна обука за наставници)

На ден 1.04.2017 година во Хотел “Порта”, Аеродром, се одржа работилница за развивање на дигиталните вештини на наставниците употребувајќи иновативни педагошки пристапи, кои ќе резултираат со развивање на технолошки збогатени средини за учење за да им овозможуват на учениците да станат активни учесници во процесот на учење. Исто така, ќе овозможуваат и прилагодување и персонализирање на активностите за учење за да се усогласат со различните стилови на учење на учениците, нивните работни стратегии и способности во користењето на дигиталните алатки и ресурси.

Работилницата беше дел од дисеминацијата од посетена обука за развивање на ИКТ компетенции во Севиља, Шпанија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“  и истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и директорката м-р Милка Тримчевска. Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштата од општина Аеродром и пошироко.

На работилницата беа претставени ИКТ алатките за фото едитирање (PicCollage), создавање на видеа (PowToon) и алатките за формативно оценување: (Kahoot и Socrative).