Daily Archives: 03/04/2017

Обуката за Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ во периодот од 27-31.03.2017 година беше посетена обуката за Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието во Атина, Грција. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Idec, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Валентина Петрова, Тања Крстевска, Билјана Колевска, Тања Јосимовска и стручниот соработник Аделина Давидовска.

Цели на обуката беа:

  • Препознавање на различностите и идентификација на ученици со потешкотии во учењето;
  • одредување на индивидуалните образовни потреби на учениците и соодветни методи за оценување;
  • изработка на индивидуални програми за поддршка на сите ученци;
  • изготвување на индивидуални образовни планови;
  • совладување на различни техники на учење и поучување, работа со различни индивидуални потреби;
  • соработка со образовната средина и со родителите во поддршка на сите ученици;
  • развивање планови за спречување на раното напуштање на училиштето.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисиминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.