На ден 3.05.2017 година во ООУ”Лазо Ангеловски”, општина Аеродром, се одржа предавање за учениците од IV одд. Предавањето на тема “Здравје и безбедност за безбедни школски денови” го одржаа претставниците од Скопска пивара.
Daily Archives: 03/05/2017
Прашалник за родители во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“
Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Создавање на иновативна иднина“ 8 наставници и 1 стручен соработник посетија два вида на интернационални обуки и тоа:
- обука за развивање на компетенциите на наставниците за работа со ученици со посебни потреби и
- обука за развивање на ИКТ компетенциите.
По враќањето од обуките, наставниците одржаа низа интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.).
Со цел да добиеме повратна информација од страна на родителите за ефективноста на проектот и спроведените активности врз напредокот на учениците, ве молиме да одвоите малку време за пополнување на оваа анкета.
Анкетата е достапна на следниот линк: goo.gl/PNCf04