Daily Archives: 08/05/2017

„Летаме високо за децата“

На ден 8.05.2017 година, во дворот на нашето училиште беше поставен балон, со цел да се промовираат правата на децата. Станува збор за проектот „Летаме високо за децата“, поддржан од УНИЦЕФ, кој е почнат во 2013 година и има за цел да посети над 100 земји во светот за да ги промовира правата на децата во целиот свет, да се вклучат во културна размена и разбирање преку размена на разгледници со пораки од деца, како и да им донесе радост на оние што ги посетува – особено на оние деца кои никогаш не виделе летачки балон.

Околу петстотини деца од училиштето беа пресреќни кога џиновскиот балон на топол воздух со знакот на УНИЦЕФ се крена во училишниот двор. Мавтајќи со своите изработки на банери и знамиња со пораки за мир и среќа беа воодушевени што се дел од глобалната иницијатива што им носи надеж на сите деца низ целиот свет и им ги испратија своите пораки до непознати другарчиња од другите земји опфатени со проектот.

Повеќе информации околу проектот, кој поттикна многу позитивна енергија во училишниот двор, може да се видат на веб-страницата Flying High For Kids World Balloon Project

Акција “Садница плус”

На ден 8.05.2017 година се спроведе акцијата “Садница плус”, како дел од акцијата “Ден на дрвото-засади ја твојата иднина”. Вредните рачиња на учениците од нашето училиште засадија семе од ела.