Daily Archives: 15/05/2017

Интернационално гласање за најдобрите постери за мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во периодот од 26.04 до 10.05.2017 година беше спроведен интернационален избор (гласање) за најдобри постери за мирот, кое е дел од активноста Воз на мирот во рамките на проектот.

По изборот на најдобрите 3 постери за мирот во секое парнер-училиште, учениците со сите 6 земји имаа можност да гласаат онлајн за изборот на најдобриот постер од секоја држава. Ова се резултатите од интернационалното гласањето:

international peace poster voting results

Победничките постери од секоја земја се следните:

Македонија 

Poster competition-II place

Турција 

1. EKİN DİKMEN (TURKEY)

Италија

20170329_161151

Романија

romania2

Бугарија

2 Bulgaria Poster 2 kl

Австрија 

Rianna & Aya

Честитки до сите победници!

Меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo

На 13-14.05.2017 година, ученичката Мартина Јаначковска го претставуваше ООУ Лазо Ангеловски на меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo.

Во конкуренција на илјадници ученици на локално ниво, 600 полуфиналисти и 22 финалисти, го освоивме VI-то место.

18555969_1318984071541774_7990415214973565474_n

Едукативната трибина на тема: „Превенција од злоупотреби на дроги“

На ден 15.05.2017 година во ООУ„Лазо Ангеловски„ учениците од VII и VIII одд. ја проследија едукативната трибина на тема: „Превенција од злоупотреби на дроги“. Трибината ја реализираа  стручни лица од невладината организација „Доверба“.

Целта на трибината беше  учениците да стекнат знаења за штетните последици од консумирање дроги и други психотропни супстанции по себе и по другите.

18597163_10155546969284928_1407513384_o

Децата на Хрватска за децата на Европа

На 15.05.2017 година учениците од хорот при ООУ „Лазо Ангеловски“ беа гости во емисијата Голем Одмор како домаќини на хорот „Клинци с Рибњата“ од Загреб, Хрватска.

 

Покрај размената на искуства околу хорското пеење и наградите кои ги добија во изминатиот период, младите и талентирани ученици ги почестија своите пријатели со присуството на нивниот концерт кој се одржа во Домот на Армијата истата вечер.