Во периодот од 22-24.06.2017 година во Лисабон, Португалија, се одржа мултитренинг семинар за наставници-амбасадори на еТвининг на тема „Иновативни средини за учење“. На семинарот учествуваа околу стотина учесници од 14 европски земји: Португалија, Хрватска, Бугарија, Азербејџан, Чешка, Словачка, Бугарија, Финска, Романија, Полска, Шпанија, Малта, Кипар и Македонија. Како претставници од нашата училиште активно учество во семинарот зедоа Милена Игњатова и Валентина Петрова, македонски амбасадори на еТвининг.
Семинарот опфаќаше 4 теми распоредени во работлници што активно се следеа во текот на 23.06.2017 година:
- Работилница 1 – „Учење преку проекти и Ардуино“ во којашто се објаснија чекорите во планирањето и работата на проектот преку планирање и креирање проект на еТвининг платформата;
- Работилница 2 – „Работа, креирање и колаборација… Јас учам“ во којашто преку заедничка работа на група се применија основите на еТвининг: критичко мислење, проблемска работа, колаборација, презентација, применливост во реалниот свет;
- Работилница 3 - „Редезајнирање на училниците за иднина низ мистерија и кодирање“ во којашто се разработуваше примената на ИКТ во наставата преку едноставни вежби за кодирање без компјутер;
- Работилница 4 – „Лабораторија на сетилата“ во којашто се покажа мерливоста на осетливоста преку практични лабораториски вежби.
Активностите испланирани од организаторот беа интересни и практични. Се остварија повеќе контакти со еТвинери од земјите учесници и се започна со првични договори за идни еТвининг проекти, но и можни ЕРАЗМУС+ проекти.