Еразмус+ проектот наречен “DISCO-Digital Schools Contest”, Натпревар на дигитални училишта, со вкупно пет партнери, од Македонија: Универзитет на Југоисточна Европа Тетово и ССОУ Моша Пијаде Тетово; Од Шпанија: Inercia Digital; од Португалија: ZENDENSINO Cooperativa de Ensino IPRL и од Турција: Pakize Kokulu Anadolu Lisesi.
Проектот содржи главни и специфични цели. Главните цели се: подобрување на клучните ИКТ компетенции и вештини и ефикасноста на учење на младите луѓе кои посетуваат училиште, преку промовирање на подобрување на квалитетот, совршенство во иновации на ниво на едукација, особено преку подобрена интернационална соработка помеѓу образованите институции, понудувачите на обуки и засегнатите страни во областа на интеграција на ИКТ во образованието
(едукација и менаџмент); зголемување на потребата и подигање на свеста за Европското доживотно учење дизајнирано за дополнување на реформите во политиките на национално ниво и да ја поддржи модернизацијата на образовниот систем, особено преку зголемена дисеминација на добрите практики и соработка и поддржувајќи го развојот на иновативни практики, подобрувајќи го квалитетот на работата на наставниот кадар и учениците, градење на капацитетите на училиштата
и потикнување на стратешки партнерства помеѓу училиштата.
Специфичните цели се: развивање на програми за иницијативи за интеграција на ИКТ во образованието за да се промовира иновација, размена на искуство, добри практики и знам – како помеѓу различен тип на организации од областа на образованието; развивање на основни и трансверзални вештини во образованието, користејќи иновативни педагошки пристапи насочени кон ученикот и подобрување на интеграцијата на дигитализацијата во учењето, предавањето, на различни нивоа: поддршка на учење основано на ИКТ, како и практики за оценување основани на
ИКТ. Поточно, поддршка на наставниците, наставниот кадар за здобивање или подобрување на примената на ИКТ во едукацијата и сродни дигитални компетенции.
На натпреварот, кој беше отворен од март 2017 со пополнување на прашалник за самоевалуација, се пријавија 11 училишта на ниво на Македонија од кои што според освоениот број на поени во следниот круг поминуваа 9 училиштата. Проектот Disco ги посети овие 9 училиштата за да ја увиди состојбата. На ден 21.06.2017 год. нашето училиште беше посетено од страна на евалуатор за натпреварот DISCO. На средбата координаторот на Тимот за унапредување на ИКТ вештините, Валентина Петрова и Љубица Ружинска член на истиот тим, ги презентираа активностите на наставниците од нашето училиште за оваа учебна година. Односно евалуаторот правеше проценка на дигитализираност на нашето училиште.
По извршените евалуации во 9 училишта (основни и средни) низ целата држава, Тимот на DISCO- Натпревар за дигитално училиште, составен од 7 евалуатори едногласно одлучиле победник на натпреварот да биде ООУ”ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ”, Скопје.