Monthly Archives: September 2017

Традиционални детски игри

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста изработка на Збирка со традиционални детски игри и ДВД.  Секое партнер-училиште ќе избере 3 традиционални детски игри, за кои: ќе се изработат инструкции за играње на играта, ќе се изработат пример планирања за примена на игрите во наставата и ќе се направат видеа како учениците ги играат игрите. Потоа игрите од различните земји ќе бидат применети во наставата.

Целта на активноста е:

  • учениците да се запознаат и да ги научат традицоналните игри од земјите-партнери
  • да се зајакне спортот и физичката активност преку игри.

Подолу се видеата од избраните традиционални игри од: Австрија, Италија, Македонија, Романија и Турција.

Европскиот ден на јазиците

По повод Европскиот ден на јазиците ООУ „Лазо Ангеловски“ зема учество во свечената манифестација која се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“ на 25.09.2017 година, а истата целосно беше подржана од страна на Францускиот институт.

Нашето училиште се претстави со два штанда, Ермански и Црногорски, за чиј естетски изглед се погрижија родителите Арлине Пилојан Вртеска и Тодица Зечевиќ.
Учениците од нашето училиште го означија Европскиот ден на јазиците со поздрав на француски и ерманески јазик и цитат од црногорскиот писател Петар Петровиќ- Његош.

Исто така изведоа песна на трите јазика кои се изучуваат во нашето училипште во придружба на виолина и покажаа дека и сите различни култури и сите јазици промовираат исти вредности.

Чистотата е половина здравје

На ден 29.09.2017 година првачињата од I-1 одд. со интерес ја проследија презентацијата „Хигиенско миење на раце“ во соработка со родител-медицинско лице. На презентацијата присуствуваше и социологот Иванка Иванова и сите заедно научија како правилно се мијат рацете, направија вежби и сето тоа практично го применија.