На ден 28.10.2017 година се одржа седмиот фестивал на фигури од овошје и зеленчук “Сочни фигури” во рамките на проектот “Здрави навики за здрава храна” . На фестувалот учествуваа учениците од V одделение од нашето училиште и освоија I место.
Monthly Archives: October 2017
Децата против гладта
Натпревар на дигитални училишта
На завршната конференција на DISCO проектот во Хуелва, Шпанија која се одржа на 9-10.10.2017 година беа доделени плакатите и сертификатите на победниците од Натпреварот за Дигитално Училиште од сите држави партнери во проектот: Македонија, Шпанија, Португалија и Турција.
Нашето училиште како победник на натпреварот од Македонија беше претставувано од страна на координаторот на Еразмус+ проекти, Љубица Ружинска.
Избери го вистинскиот спорт
На ден 10.10.2017 година во рамките на проектот “Избери го вистинскиот спорт“, Сојузот на спортските федерации на Македонија, Агенцијата за млади и спорт на Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, во фискултурната сала спроведоа активности со различни спортски реквизити заедно со учениците од II одд. од ООУ”Лазо Ангеловски”.
Целта на овој проект е да им се доближат спортовите на децата преку спортско-рекреативни содржини за потоа учениците заедно со своите родители го одберат вистинскиот спорт. Воедно по завршувањето на активностите во училиштето беа донирани спортски реквизити за потребите на учениците од I-V одд. Учениците и наставниците беа во спортска опрема и активно учествуваа и се забавуваа.