Monthly Archives: November 2017

Акцијата “ Мое Дрво-Дрво на генерацијата”

На ден 20.11.2017 година по повод денот на детето во ООУ ”Лазо Ангеловски”, општина Аеродром, Скопје, се реализираше акцијата “ Мое Дрво-Дрво на генерацијата”, под покровителство на јавното претпријатие Македонски шуми и општината Аеродром.
Целта на оваа акција е подигање на еколошката свест и грижата за здрава животна средина кај намалите. По тој повод учениците од I одд., учествуваа во садењето на дрвото на генерацијата . Воедно учениците разговараа со своите наставнички околу грижата и негата на дрвото на генерацијата 2017 год.

Креативна работилница во рамките на проектот “Give me your hand to see the World”

На ден 11.11.2017 година, во периодот од 10:00-14:00 часот во ООУ “Лазо Ангеловски”, се одржа креативна работилница во рамките на проектот “Give me your hand to see the World”.

Проектот е организиран од страна на Лајанс клубот “Пајко Маало”, во соработка со ООУ “Лазо Ангеловски” и Ресурсниот центар Велес. Целта на проектот е интеграција на децата со оштетен вид со учениците од ООУ “Лазо Ангеловски”.

На работилницата учествуваа ученици од IV, VII, VIII и IX одд од ООУ “Лазо Ангеловски” и Ресурсниот центар Велес, претставници од Ресурсниот центар Велес, наставници од училишниот Инклузивен тим, Еко тимот и тимот за претприемништво при ООУ “Лазо Ангеловски”, стручните соработници од ООУ “Лазо Ангеловски” и членови од Лајанс клубот “Пајко Маало”. Покрај забавата и дружењето, присутните изработуваа магнети од глина и честитки на тема Новогодишните празници и Денот на жената 8-ми Март и садеа цвеќиња. Според расположението на учениците и останатите присутни можеме да кажеме дека целта е целосно исполнета.

 

Традиционални детски игри

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Традиционални детски игри. Секое партнер-училиште:

  • избра 3 традиционални детски игри од својата земја и изработи инструкции за играње на играта (на англиски)
  • изработи пример планирања за примена на игрите во наставата (на англиски)
  • направи видеа како учениците ги играат игрите.

Од сетоа ова тимот од нашето училиште изработи Збирка од традиционални игри придружена со ДВД на кое се наоѓаат видеата. Подолу можете да ја погледнете збирката и видеата.

Целта на активноста е:

  • учениците да се запознаат и да ги научат традицоналните игри од земјите-партнери
  • да се зајакне спортот и физичката активност преку игри

Во месец ноември 2017 дел од партнерските традициоанлни игри беа имплементирани од страна на нашите ученици на часовите по физичко образование.

Прва државна награда на конкурс „Творење и креирање на творби од отпад од пакување“

Во конуренција на многу училишта од земјава со учениците од IV-4 одд. учествуваа на конкурсот „Творење и креирање на творби од отпад од пакување“ организиран од ЕУРО-ЕКОПАК, Министерство за животна средина и Детски ликовен центар и освоија четири први награди како и дипломи за учество. Наставник-ментор Светлана Јосифоска.

Уметничка галерија – романскиот сликар Стефан Лучијан

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месецот октомври 2017 беше посветен на романскиот сликар Стефан Лучијан. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Стефан Лучијан.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.