Monthly Archives: November 2017

33 општински натпревар по ПП Заштита

На ден 31.10.2017 година во ООУ „Љубен Лапе“, Скопје, се одржа 33 општински наппревар по ПП Заштита. Екипата што го освои 3 место во општина Аеродром ја сочинуваа Мила Спасовска VIII-1 одд. , Грегориј Ваљаков IX-1 одд. и Филип Нешковски IX-5 одд. заедно со менторот наставнк Жаклина Колевска.

23361246_10156070173159928_359311334_n 23361150_10156070173109928_71418597_n

Патронен празник

Во периодот од 24.10 – 01.11.2017 година во ООУ “Лазо Ангеловски”, по повод патрониот празник на училиштето се спроведоа низа активности.

Се одржаа традиционалните “Игри без граници”, во рамките на спортските денови. Се одржаа литературно читање и ликовен хепенинг кадешто нашите ученици твореа и креираа за нашиот патрон и на крај на најдобрите им беа доделени дипломи. На 31.10.2017 год. со почеток во 12:00 часот се одржа пригодна приредба. Особена чест ни беше посетата на сестрата на нашиот патрон Лазо Ангеловски, Г-ѓа Вера Кировска, заедно со нејзиниот сопруг Г-н Атанас Кировски и синот Г-н Христо Кировски, коишто положија свежо цвеќе.