Daily Archives: 13/11/2017

Креативна работилница во рамките на проектот “Give me your hand to see the World”

На ден 11.11.2017 година, во периодот од 10:00-14:00 часот во ООУ “Лазо Ангеловски”, се одржа креативна работилница во рамките на проектот “Give me your hand to see the World”.

Проектот е организиран од страна на Лајанс клубот “Пајко Маало”, во соработка со ООУ “Лазо Ангеловски” и Ресурсниот центар Велес. Целта на проектот е интеграција на децата со оштетен вид со учениците од ООУ “Лазо Ангеловски”.

На работилницата учествуваа ученици од IV, VII, VIII и IX одд од ООУ “Лазо Ангеловски” и Ресурсниот центар Велес, претставници од Ресурсниот центар Велес, наставници од училишниот Инклузивен тим, Еко тимот и тимот за претприемништво при ООУ “Лазо Ангеловски”, стручните соработници од ООУ “Лазо Ангеловски” и членови од Лајанс клубот “Пајко Маало”. Покрај забавата и дружењето, присутните изработуваа магнети од глина и честитки на тема Новогодишните празници и Денот на жената 8-ми Март и садеа цвеќиња. Според расположението на учениците и останатите присутни можеме да кажеме дека целта е целосно исполнета.