Monthly Archives: December 2017

Кампања „Јас внимавам“

Кампања „Јас внимавам“ во ООУ”Лазо Ангеловски” (22.12.2017 год.)

Националната кампања „Јас внимавам“ со донација на сообраќајни полигони ги едуцира децата дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми нивната безбедност како учесници во сообраќајот. Овој пат донацијата е наменета за учениците од OОУ Лазо Ангеловски, кои од иницијаторот на кампањата, компанијата ОКТА, добија едукативен сообраќаен полигон. Покрај поставување сообраќаен едукативен полигон, пред учениците беше изведена и едукативна театарска претстава преку која се симулираат различни ситуации од сообраќајот,а за понатамошно креативно учење децата добија и тематски боенки.

Кампањата „Јас внимавам“ преку различни активности ги потсетува граѓаните дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и притоа ја буди свеста за поголема безбедност. Кампањата е подржана од Министерство за внатрешни работи на Република Македонија и има за цел да делува проактивно и едукативно, а со тоа и да придонесе во позначителни резултати во подобрување на сообраќајната култура во земјава.

25990703_10214373144060410_1053637165_n 26030644_10214373144020409_605090330_n

 

Четврти интернационален координативен состанок во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проектот „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future) беше одржан четвртиот интернационален координативен состанок во периодот од 13-15.12.2017 година во Васто, Италија. На состанокот присуствуваат членови од партнер-училиштата од Турција, Бугарија, Романија, Австрија, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни координаторот на проектот, Љубица Ружинска, одделенските наставници, Светлана Јосифоска и Роберта Јордановска.

Цели на состанокот беа:

  • запознавање со италијанската кутура, традиции и обичаи;
  • посета на надгледни часови-примери на добра пракса;
  • размена на идеи и добри пракси за методите на подучување на уметност;
  • евалуација на остварените проектни активности од првата половина на проектот;
  • планирање на идните активности и задачи во рамките на проектот предвидени за втората половина од проектот.

Валоризационата конференција

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Валоризационата конференција одржана во Скопје на 18.12.2017 година како дел од циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

На оваа конференција свое учество земаа Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и Гоце Величковски и Дејан Златковски, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.

Директорката Димова истакна дека најдобар показател на успешното усогласување со националните приоритети се успешните проекти кои на денешната конференција беа претставени. Во годините што се пред нас, Националната агенција ќе продолжи да биде столбот на имплементацијата на Еразмус+ програмата и ќе ги поддржува сите сегменти на образованието, обуката, младите и спортот во нивните напори за што порамноправно учество во европските текови. Во соработка со Министерството за образование и наука ќе се дефинираат приоритетните области на поддршка секоја година, со што ќе се придонесе зa оптимално користење на средствата од Европската Унија за поддршка на меѓународната соработка-истакнаа од Националната агенција.

На конференцијата од нашето училиште учествуваа еТвининг амбасадорот, Валентина Петрова, и двајца еТвинери од училиштето, Гордана Камческа и Магдалена Петреска.

Интернационален натпревар „Дабар“

Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот.

Инаку, како идеја, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”. Со цел да ја промовираме оваа активност и во Република Македонија, натпреварот се одржа од 13 до 17 ноември 2017  повеќе основни и средни училишта во Македонија. На тој начин, заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој како и развојот на нашата држава.

Во овој интернационален натпревар учествуваше и ООУ,,Лазо Ангеловски“ – Скопје. Во натпреварот земаа учество наставниците – ментори: Марија Ѓорѓевиќ и Марија Матеева.

На натпреварот учествуваа 249 ученици  од IV, V, VI, VII и VIII. Сите учесници добија признанија за учество во натпреварот.

Учениците: Марија Митовска од VI одд. Андреј Дончевски, Филип Петрески и Мариела Стефановска од VII  одд. со освоени 80 поени.

Учениците: Теона Николова, Ана Гривчевска, Марко Бишкоски и Даријан Атанасовски од V одд. Леонард Немет, Мирослав Гигевски и Ева Никикијевик од VI одд. Марија Саралиевска, Габриела Смиленовска, Милијана Стојановиќ и Стефан Шушкало од VII одд. Петар Мишоков од VIII одд. со освоени 70 поени.

Концерт на класична музика – соработка со локалното население

На ден 15.12.2017 година во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски”, Скопје се одржа концерт како резултат на соработката меѓу училиштето и Г-н Кире Ристески, сосед и долгогодишен пријател и соработник на училиштето. На концертот настапија пијанистите Марија Николовска и Константин Хаџи Петров. Преку изведбата на овие двајца млади пијанисти учениците од нашето училиште добија можност да се запознаат со делата на Цезар Франк, Јохан Себастијан Бах, Франц Лист и Јоханес Брамс.