Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ во периодот од 12-21.01.2018 година беше посетена обуката за Инклузивно образование: поддршка на децата со посебни образовни потреби во Плимут, Велика Британија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Amber Initiatives, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Мирослава П.Аневска, Тања Крстевска, Кристина Башовска и Тања Јосимовска.
Цели на обуката беа:
- подобрување на клучните компетенции и вештини поврзани со професионалниот профил на учесниците
- запознавање со образовниот систем во Велика Британија и комплексниот систем за поддршка на децата со посебни образовни потреби
- запознавање со поддршката која е на располагање на децата од имигрантски семејства
- зголемување на опфатноста и меѓународната димензија на образовните институции
- запознавање со различните стратегии и методи кои се употребуваат во училитата во Велика Британија за да се излезе во пресрет на учениците со посебни потреби
- подобрување на аналитичките вештини
- подобро запознавање со начините за работата и соработка со родителите
- подобрување на креативноста и мотивацијата
- унапредување на културолошката свест
- подобрување на нивото на англискиот јазик.
Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.