Monthly Archives: February 2018

Еко претстава

На 26.02.2018 година во ООУ„Лазо Ангеловски“ се оддржа еко претстава за учениците во соработка со ПАКОМАК, Општина Аеродром, ГРИН МЕЏИК ПРОДАКШН и илузионистот Кристиан Шопов.  Преку специјално осмислени магионичарски трикови Кристиан  им пренесе порака на децата како преку редуцирање, реупотреба и рециклирање на отпад да обезбедиме почиста животна околина за сите.

Претставата ја пороследиа учениците од прво одделение. Задоволството на нивните лица и воодшевеноста беше очигледна но, и преку оваа претстава научија како да го селектираат отпадот.

Шести интернационален натпревар по англиски јазик „Хипо“

На 23.02.2018 година во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа шестиот интернационален натпревар по англиски јазик „Хипо“ во кој учествуваа 100 ученици.
Учениците се натпреваруваа во читање и слушање. Најдобрите ученици заедно со други ученици од европските земји ќе се натпреваруваат во семи-финалето на 16-ти и 17-ти март 2018 година.
Натпреварот е организиран од страна на Глобал хипо асоцијацијата, кој истовремено се одржува во неколку балкански земји.

еТвининг работилница

На 17.02.2018 година беше одржана еТвининг работилница во ООУ “Лазо Ангеловски”, Скопје на кој присуствуваа 20 наставници од ООУ „Аврам Писевски“, с.Бардовци Скопје и СОУ „Моша Пијаде“, Тетово. Работилницата беше водена од страна на трите еТвининг амбасадори од ООУ „Лазо Ангеловски“, Љубица Ружинска, Милена Игњатова и Валентина Петрова.

На работилницата новите членови на еТвининг од двете училишта се запознаа со еТвининг платформата и можностите која таа ги нуди за наставниците и учениците.

Општински натпревар по физика

На 3.02.2017 година во ООУ “Ѓорѓија Пулевски”се одржа општински натпревар по физика.

Учениците од нашето училиште според постигнатите резултати продолжуваат на регионален натпревар и тоа Григориј Ваљаков IX-1одд. , Бојана Кариќ IX-2 одд. Стефан Кузмановски, Симеон Чаушевски и Карина Митрева од IX-3 одд., Мила Терзовска VIII-1 одд., Ивана Коцева и Мила Пандилеска од VIII-2 одд. и Стојановска Тамара и Наумовска Бојана од VIII-4 одд.

Ментор: Жаклина Колевска, Проф по физика

Писма „Се за мене“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец јануари 2018 година учениците пишуваа писма на тема „Се за мене“, со кои се преставија себе си на своите другарчиња во другите партнер-училишта во проектот. Писмата од сите партнери-училишта ќе бидат објавено во онлајн електронско списание.

Подолу можете да го видите онлајн електронското списание кои ги содржи писмата од учениците од сите 6 партнер-земји