Daily Archives: 03/02/2018

Писма „Се за мене“

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец јануари 2018 година учениците пишуваа писма на тема „Се за мене“, со кои се преставија себе си на своите другарчиња во другите партнер-училишта во проектот. Писмата од сите партнери-училишта ќе бидат објавено во онлајн електронско списание.

Подолу можете да го видите онлајн електронското списание кои ги содржи писмата од учениците од сите 6 партнер-земји

Акростих песни за мирот

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, во месец јануари 2018 година учениците создадоа свои акростих песни за мирот како дел од активноста Воз на мирот во рамките на проектот.

Погледнете го онлајн изданието кое преставува збир од сите песни и постери за мир напишани и креирани од учениците од сите 6 партнер-земји

Изложба на фотографии од околината

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Изложба на фотографии од околината. Бидејќи сите училишта имаат свое културно и историско наследство учениците направија фотографии кои  рефлектираат еден одреден културолошки аспект од нивната земја. Со фотографиите од сите партнер-училишта ќе биде направена онлајн галерија. Ова се фотографиите направени од нашите ученици.

 Подолу можете да ја проследите целата онлајн галерија со фотографиите од сите 6 партнер-земји во проектот.

Уметничка галерија – македонски сликар Лазар Личеновски

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидена е активноста Уметничка галерија. Секое партнер-училиште ќе избере 1 познат национален уметник кој ќе биде проучуван по 2 месеци, односно неговиот стил. За време на активноста учениците ќе создаваат слики инспирирани од избрани уметници.

Целта на активноста е:

  • проучување на уметноста низ слики и
  • учениците да научат за познати интернационални уметници.

Месеците декември 2017 и јануари 2018 беа посветени на македонскиот сликар Лазар Личеновски. На часовите по ликовно образование учениците накратко се запознаа со неговиот живот и неговиот уметнички стил и дела. Тие разговараа и коментираа за неговите дела и ги истражуваат основните белези на неговите слики.

Потоа учениците создадоа свои слики употребувајќи ги елементите на делата на Лазар Личеновски.

Проследете ја атмосферата за време на часовите

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од I одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од II одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од III одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од IV одд.

Уметничка галерија од цртежи изработени од учениците од V одд.