На ден 28.03.2018 година реализирана е посета на Меѓународното основно училиште „Нова“, каде се одржуваше саем за наука од областа на физика, хемија и биологија. Саемот го посетија наставникот по физика Жаклина Колевска и социјалниот работник Александра Батиќ. Учениците ги презентираа своите истражувачки проекти – учење преку проекти.
Monthly Archives: March 2018
Општински натпревар по англиски јазик
На ден 24.03.2018 година нашето училиште беше домаќин на општинскиот натпревар по англиски јазик организиран од страна на ЕЛТАМ – Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на РМ. На натпреварот учениците од нашето училиште ги освоија следните резултати:
V одделение
- 1 место - Теона Тренеска, наставник-ментор Емица Здравев
- 2 место – Сара Костова, наставник-ментор Емица Здравев
VI одделение
- 3 место – Дејан Додевски, наставник-ментор Марина Николовска Ристова
VII одделение
- 1 место – Мартина Јаначковска, наставник-ментор Мирослава Павлова-Аневска
- 2 место - Дафне Атанасовска, наставник-ментор Мирослава Павлова-Аневска
VIII одделение
- 2 место - Мила Стојановска, наставник-ментор Оливера Доновски
IX одделение
- 2 место - Карина Митева, наставник-ментор Морфа Петровска
Учениците продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 21.04.2018 година.
Обележување на Денот на екологијата
На ден 21.03.2018 година учениците од нашето училиште традиционално го одбележија Денот на екологијата. По тој повод учениците од еколошката секција во училишниот двор засадија цвеќиња, а учениците од четврто одделение пишуваа и поставуваа пораки за „Здрава и чиста околина“.
Преку овие активности учениците ја зголемуваат еколошката свест и придонесуваат за почиста и поздрава животна средина.
Обука за Учење преку проекти (PBL) во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“
Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ во периодот од 12-17.03.2018 година беше посетена обука за Учење преку проекти (PBL) во Берлин, Германија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Europass Teacher Academy, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Валентина Петрова и Магдалена Петреска.
Цели на обуката беа:
- запознавање со учењето преку проекти (PBL) и како истото да се имплементира во наставата
- запознавање со различни активности кои можат да се имплементираат во учењето преку проекти
- запознавање со начините на кои технологијата и дигиталните алатки можат да се интегрираат во учењето преку проекти
- запознавање со начините за евалуација на учењето преку проекти со употреба на рубрики
- создавање на детален план за учење преку проекти
- запознавање со начините на имплементација на учењето преку проекти на ниво на училиште
- унапредување на културолошката свест
- подобрување на говорна комуникација на англиски јазик.
Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.
Државен натпревар по француски јазик за писмен состав
На државниот натпревар по француски јазик за писмен состан ученичката Анастасија Краљевеска од VIII-3 одд. одвои второ место.