Daily Archives: 21/03/2018

Обележување на Денот на екологијата

На ден 21.03.2018 година учениците од нашето училиште традиционално го одбележија Денот на екологијата. По тој повод учениците од еколошката секција во училишниот двор засадија цвеќиња, а учениците од четврто одделение пишуваа и поставуваа пораки за „Здрава и чиста околина“.

Преку  овие активности учениците  ја зголемуваат  еколошката свест и придонесуваат  за почиста и поздрава животна средина.

Обука за Учење преку проекти (PBL) во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“

Во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ во периодот од 12-17.03.2018 година беше посетена обука за Учење преку проекти (PBL) во Берлин, Германија. Обуката беше реализирана од страна на интернационалениот тренинг провајдер Europass Teacher Academy, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите. Учесници на обуката беа следните наставници: Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Валентина Петрова и Магдалена Петреска.

Цели на обуката беа:

  • запознавање со учењето преку проекти (PBL) и како истото да се имплементира во наставата
  • запознавање со различни активности кои можат да се имплементираат во учењето преку проекти
  • запознавање со начините на кои технологијата и дигиталните алатки можат да се интегрираат во учењето преку проекти
  • запознавање со начините за евалуација на учењето преку проекти со употреба на рубрики
  • создавање на детален план за учење преку проекти
  • запознавање со начините на имплементација на учењето преку проекти на ниво на училиште
  • унапредување на културолошката свест
  • подобрување на говорна комуникација на англиски јазик.

Во следниот период, наставниците кои ја посетија обуката ќе одржат интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.) како и дисеминација на локално и национално ниво преку организирање на обуки за наставници од училишта од општина Аеродром и пошироко.