Monthly Archives: April 2018

Нагледен час по македонски јазик со примена на PBL

На ден 30.4.2018 година беше реализиран нагледен час по македонски јазик од страна на наставникот по македонски јазик Валентина Петрова. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука за ,,Учење преку проекти (PBL)” во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.
Целите на часот беа:
  • разгледување и вреднување на писмена работа (есеј) употребувајќи самооценување и меѓусебно оценување.

Учениците правеа писмена работа чијашто тема беше да се анализира женски лик од драмата „Чорбаџи Теодос“ (В. Иљоски). Во контекст на учењето преку проект, учениците разгледуваа различни начини на пишување есеј (тема и идеја на текст, редослед на нстани: ретроспективно и хронолошко, анализа на судир, анализа на лик, расположение и сценска поставеност на настаните итн.) Исто така, учениците го следеа сопствениот напредок и унапредување преку рубрики за формативно оценување во сите видови: самооценување, меѓусебно оценување, оценување од наставник.

Работилници за „Учење преку проекти (PBL)“ (надворешни обуки за наставници)

Во месец март-април 2018 година беа реализирани 3 работилници на тема „Учење преку проекти (PBL)“.

Темите опфатени во обуката беа:

  • Вовед во “Учење преку проекти” (PBL)
  • Дефиниции за “Учење преку проекти”
  • Разлики помеѓу „Традиционални проекти“ и „Учење преку проекти’
  • Пет чекори за успешно планирање на PBL
  • Воведно/водечко прашање
  • Следење на постигнувањата и оценување на учениците во рамките на PBL
  • Планирање на PBL (изработка на модел проект)
  • Презентација на изработените проектите и повратна информација

Работилниците беа дел од дисеминацијата од посетената обуката за Учење преку проекти (PBL) во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“ и беа реализирани од страна на наставниците Љубица Ружинска, Милена Игњатова, Валентина Петрова и Магдалена Петреска.

Таргет групата на работилниците беа одделенските и предметните наставници од нашето училиште, ООУ „Лазо Ангеловски’, училиштата од општина Аеродром и училиштата од град Скопје и пошироко. Работилниците беа посетени од вкупно 50 наставници.

Атмосферата за време на работилницата на  31.03.2018 година.

Атмосферата за време на работилницата на  21.04.2018 година.

Атмосферата за време на работилницата на  28.04.2018 година.

Фествал за краток филм „КИНОФЕСТ АЛГОРИТАМ 2018“

На ден 26.04.2018 година учениците од нашето училиште и менторот Иванка Николова,  присуствуваа на доделување на наградите за  учесниците  на фествалот за краток филм „КИНОФЕСТ АЛГОРИТАМ 2018 година“

Учениците од VIII oдд. со филмот на ученичката Теона Цоневска VIII/1 одд. „Врсничко насилство“ освоија прво место,  додека ученичката Нермине Дурмишевска IX/6 одд. со филмот „Драг дневнику“, доби пофалница.

Сите учесници на настанот учествуваа на  едукативна работилница на тема „Насилството не е наш начин“ , при што заеднички разменуваа искуства, се едуцираа и дружеа.

Нагледен час по англиски јазик со примена на инклузивни стратегии/техники

На ден 26.04.2018 година беше реализиран нагледен час по англиски јазик со примена на инклузивни стратегии/техники од страна на предметниот наставник по англиски јазик Мирослава Павлова-Аневска. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука „Поддршка на ученици со посебни потреби„ во Плимут, Англија во рамките на Еразмус+  КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.

Цели на часот беа учениците:

  • да разберат, идентификуваат и правилно изговорат вокабулар поврзан со храна;
  • да нарачаат храна во ресторан или друг објект;
  • да ги препознаваат составните делови на менито.

За време на часот беа применети следните инклузивни техники:

  • употреба на слики за усвојување вокабулар (picture dictionary);
  • употреба на технологија според интересите на ученикот;
  • помош од соученици.

Готвач и речник со слики

Во рамките на Еразмус+ КА219 проект „Да ја обоиме иднината“, предвидени се две активности:

  • изработка на Готвач со традиционални рецепти од секоја партнер-земја и
  • изработка на Речник со слики со зборови или фрази поврзани со музиката, спортот, ликовната уметност, секојдневни изрази и поздрави напишани на 6 јазика (англиски, турски, австриско-германски, бугарски, италијанкси, македонски и романски)

Подолу можете да ги погледнете изработените изданија.