Daily Archives: 11/04/2018

Наградата еТвининг училиште

На ден 10.04.2018 година нашето училиште се здоби со наградата еТвининг училиште  2018-2019 која за прв пат се доделува оваа година од страна на Европската Комисија.

На европско ниво 1211 училишта од 42 европски држави ја добија оваа награда, а од Република Македонија на листата се наоѓаат 6 училишта. Целосната листа на наградени училишта можете да ја погледнете тука.  Наградените училишта се препознаени како лидери во области како:

  • дигитална пракса
  • пракса за е-безбедност
  • користење на иновативни и креативни приоди во педагогијата
  • промоција на континуиран професионален развој на вработените
  • промоција на практики на колаборативно учење на наставниците и учениците

Наградените училишта ќе:

  • имаат висока видливост на Европско ниво
  • ќе формираат Европска мрежа на еТвининг училишта водачи да го инспирираат понатамошниот развој на еТвининг
  • ќе можат да го покажуваат Знакот за еТвининг училиште во сите промотивни и информативни материјали
  • наградените наставници и директорите ќе бидат поканети да се вклучат во програми за професионаен развој.

awarded-etwinning-school-label