Monthly Archives: May 2018

Едукативни презентации на тема „Здравје и безбедност во училиштата“

На ден 22.05.2018 година се оддржа предавање за учениците од IV одделение од страна на лица од АД Пивара Скопје во соработка со Општина Аеродром за реализација на едукативните презентации на тема „Здравје и безбедност во училиштата“, со цел да стекнат знаења кај децата за правилно седење во училишна клупа, правилно држење на телото при пишување и работа на компјутер и слични теми од областа на безбедноста и здравјето.

Литературен конкурс „24-ти Мај“

На ден 18.05.2018 година, по повод литературниот конкурс „24-ти Мај, празник на писменоста, духовноста и народната мудрост“, кој секоја година се одржува во библиотека „Другарче“, по повод празникот Св. Кирил и Методиј, ученичката Ана Радеска од IV-2 одд. (второнаградена) и Елена Велковска од IV-4 одд. (третонаградена) денес ги подигнаа дипломите и наградите од библиотеката „Другарче“.

Државен натпревар по англиски јазик

На ден 12.05.2018 година на државниот натпревар по англиски јазик организиран од страна на ЕЛТАМ – Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на РМ учениците од нашето училиште ги освоија следните резултати:

V одделение

  • 6 место - Теона Тренеска, наставник-ментор Емица Здравев
  • 9 место - Сара Костова, наставник-ментор Емица Здравев

VII одделение

  • 3 место - Мартина Јаначковска, наставник-ментор Мирослава Павлова-Аневска

IX одделение

  • 6 место - Карина Митева, наставник-ментор Морфа Петровска

Петти Скопски цветен фестивал

На ден 12.05.2018 година се одржа петтиот Скопски цветен фестивал под мотото „Во боите на виножитото“. По тој повод учениците од II-1 одделение со наставничките Магдалена Петреска и Гордана Камчевска земаа учество во дефилето. При тоа учениците поминаа неколку часа разгледувајќи и воодушевувајќи се на убавината и разновидноста на цвеќињата кои беа изложени од страна на цвеќарниците и фирмите за хортикултурно и пејзажно уредување. Во шаренилото од бои и цветни декорации одекнуваше радоста, распеаноста и разиграноста на дечињата.