Daily Archives: 02/05/2018

Нагледен час по англиски јазик со примена на PBL

На ден 2.5.2018 година беше реализиран нагледен час по англиски јазик од страна на наставникот по англиски јазик Милена Игњатова. Нагледниот час е дел од дисеминацијата од посетената обука за ,,Учење преку проекти (PBL)” во Берлин, Германија во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Подучување по мерка за мотивирани ученици“.
Целите на часот беа:
  • пишување на главен дел од аргуменатативен состав со примена на поврзувачки зборови, изучени граматички структури и лексички единици.

Во контекст на учењето преку проект, учениците разгледуваа начини на пишување аргументатив есеј (пишување главен дел на непозната тема со веќе дадените податоци и со понудените критериуми). Исто така, учениците го следеа сопствениот напредок и унапредување со употреба на процесот на меѓусебно оценување и примена на скала за повратна информација.