Daily Archives: 04/05/2018

Превентивни предавања за учениците на тема: „Врсничко насилство“

Во соработка со екипите од одделот за превенција при СВР Скопје, на 03-04.05.2018 година за учениците од VI до IX одд. беа реализирани работилници на тема „Врсничко насилство во училиштата“ –(булинг).

На работилниците учениците имаа можност да се информираат и дискутираат за видовите насилстава кои најчесто се случуваат во училиштата, последиците од сите видови на насилства, како и казнените одредби за сторителите на насилните дејствија. Учениците дискутираа и за мерките  кои треба сите да ги превземаат со цел превентивно делување и намалување на насилствата.

Посета на СЕП

На ден 03.05.2018 година учениците  од V одделение од нашето  училиште беа во посета на Секретаријатот за европски прашања. Во рамките на едукативниот проект “Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”, кој се одржува во месец мај (месецот на Европа) учениците одблиску се запознаа со суштината и темелните вредности на Европската Унија, како и со улогата на делувањето на Секретаријатот за европски прашања, како институција задолжена за координација на процесот на пристапување на Македонија во големото европско семејство, во годината кога за прв пат во нивното образование наставната програма предвидува едукација за Европската Унија.