Daily Archives: 10/05/2018

Работилница на тема „Сообраќај“

На ден 09.05.2018 година  и 19.05.2018 година во организација на  Народна техника на Македонија и Сојузот на клубови на младите техничари и природници на Р.М во соработка со ООУ„Лазо Ангеловски“ и со одделенските наставници Кристина Башовска и Слаѓана Јокиќ заедно со учениците од  I-2 одд. и одделенскиот наставник Билјана Спасовска со учениците од IV-2 одд., се одржаа работилници од областа на техничката  култура по сообраќајно моделарство кои имаа едукативен и информативен дел во кој што учениците беа запознаени со модели и моделарските области од областа на техничката култура теоретски, а потоа и со различни изработени модели од повеќе моделарски области. На работилниците предмет на изработка беше автомобил од картон (за учениците од I-2 одд.) и различни модели на сообраќајни средства (за учениците од IV-2 одд.). Вклучени беа сите ученици во двете одделенија под менторство на инструктори  од Народна техника на Македонија и тоа:

  • Перо Митрев-извршен директор на Народна техника на Македонија(родител)
  • Зоран Атанасовски-светски првак во ракетно моделарство,долгогодишен балкански и државен првак
  • Небојша Стошиќ-европски првак во областа на воздухопловно моделарство и три години балкански и државен првак
  • Вера Тасевска-моделар