Daily Archives: 24/05/2018

Признание за просветен работник од основно образование

На ден 23.5.2018 година Здружението на просветни работници на Град Скопје ги прогласи просветните работници за учебната 2017/2018 година. Свечената манифестецаја и доделување на признание и плакета за просветен работник на годината 2017/2018 се одржа во Кинотека Македонија.  Комисијата за избор на Просветен работник на Град Скопје за учебната 2017/2018 година одлучи признание за просветен работник од основно образование, за одделенска настава да и биде врачено на Марија Матеева, професор по одделенска настава во ООУ ,, Лазо Ангеловски ,, – Скопје.

Токму поради добиеното признание за најдобар просветен работник на годината 2017/2018 год. професорката по одделенска настава Марија Матеева оствари средба и со Градоначалникот на Општина Аеродром. На таа средба Градоначалникот и врачи пофалница за Просветен работник на годината 2017/ 2018 година.