Monthly Archives: June 2018

Меѓународен училишен фестивал – Креативни едукативни филмови (КРЕФ) 2018

Ученикот Марко Панчевски од III-4 одд. под менторство на одд.наставници Марина Стојчевска и Жанета Митровска учествуваше на Меѓународниот училишен фестивал – Креативни едукативни филмови (КРЕФ) 2018 и обезбеди пласман за влез во финалето во категорија на ученици до 10 години.

Меѓународниот натпревар на едукативни филмови има за цел активно вклучување на учениците во наставниот процес, развивање партнерски однос помеѓу ученикот, учителот и родителот, размена на бесконечен број идеи за практична реализација на содржини и цели и зачувување лични спомени од наставничката професија. Финалето на натпреварот ќе се одржи во Штип на 29-30.09.2018 година.

Споделете го видеото и ставете свој Like за да можеме да му помогнеме на Марко да обезбеди подобар пласман во финалето https://youtu.be/MjcxE1awwsU

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани родители, Ве известуваме дека ООУ„Лазо Ангеловски“, општина Аеродром, од 20.06.2018 година ќе ги  издава потврдите за  запишани ученици во прво одделение за учебна 2018/2019 година. Потврдите се наменети да Ви послужат за остварување на паричен надоместок во износ од 3500 денари за запишан ученик во I одделение од страна на Општина Аеродром.

Потврдата заедно со останатите потребни документи може да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.

Предизвикот за млади истражувачи

На ден 9.6.2018 година во просториите на Влада на Република Македонија се одржа завршниот свечениот настан „Предизвикот за млади истражувачи“.  Целта на настанот беше доделување на награди на 20 училишта кои имаа најуспешни истражувачки проекти во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември 2017 година до 15 февруари 2018 година.

На настанот се обратија:

  • Претседателот на Влада на Република Македонија, г-дин Зоран Заев,
  • Министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми и
  • Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, г-дин Јован Деспотовски.

На јавниот повик „Предизвикот за млади истражувачи“ учествуваа тимови од 98 училишта и сите добија сертификати за успешно учество на предизвикот, но само 20 основни и средни училишта меѓу кои и нашето училиште, беа наградени и чиишто истражувачки проекти се одобрени за финансирање од Фонд за иновации и технолошки развој.

Нашето училиште учествуваше со проектот ИоТ аквапоничен рециклирачки систем. Тимот на ООУ„Лазо Ангеловски“ го сочинуваат учениците: Ѓорѓи Чунгурски, Мила Пандилеска, Ивана Коцева, Стефан Кочовски заедно со менторите: Цветанка Малческа наставник по биологија и Марија Ѓорѓевиќ наставник по информатика.