На ден 26.09.2018 година нашето училиште свеченo гo oдбележa Еврoпскиoт ден нa јaзиците. Учениците ги пoкaжaa свoите тaленти преку рецитирaње пезијa и музички изведби нa пoзнaти рефрени нa јaзиците кoи се изучувaaт вo нaшетo училиште и испрaтијa пoрaкa декa и пoкрaј рaзличнoстите, универзaлните чoвечки вреднoсти кaкo другaрствoтo, пријaтелствoтo и љубoвтa се еднaкви вo сите култури. Јaзиците ги oтсликувaaт и универзaлните и пoсебните кaрaктеристики пa зaтoa требa дa се негувaaт и прaзнувaaт кaкo oдрaз нa нaшaтa цивилизaцијa.
На ден 28.09.2018 година, во соработка со 5 основни училишта од Скопје: ООУ „Димитар Миладинов“- домаќин на настанот, ООУ „Кемал Ататурк”, ООУ „Лазо Ангеловски”, ООУ „Живко Брајковски”, ООУ „Дане Крапчев “и ООУ „Браќа Миладиновци” беа поставени штандови на 10 европски земји, на кои беше презентирана нивната култура, знаменитостите како и традиционалните јадења од таа земја. Основните училишта подготвија штандови на : Македонија, Франција, Англија, Турција, Ирска, Шпанија и Србија . Истовремено беше организирана и приредбата на која 5-те основни учичишта се претставија со свои точки на повеќе европски јазици: ООУ „Димитар Миладинов” се претстави со песна на француски јазик „Последен танц” од француската поп пеачка Индила , читаа рецитал од Видео Подгорец и го одиграа познатиот ирски народен танц; учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ ја играа познатата химна на пријателството од Селин Дион, потоа настапија со песна од Далида и Заз; ООУ „Живко Брајковски” го претстави ученичка која отпеа шпанска песна; учениците од ООУ „Дане Крапчев” се претставија на повеќе јазици и имаат кратка драмтизација на улоги за професии и ООУ „Кемал Ататурк” се претстави со 2 турски песни. На приредбата присуствуваа многу важни гости: Директорот на бирото за Франкофонија на југоисточна Европа, г-дин Моџамед Кетата, потпретседателката на Здружение на професори по француски јазик, Снеже Петров, директорката на катедра на француски јазик при Филолошки факултет, Ирина Бабамова, одговорната за универзитетско образование при француски Институ, Сузана Пешиќ, Француската оперска пеачка, Елена Голомеова, повеќе директори на основните училишта, раководителот на сектор образование при општина Центар, Јагода Јанковска и раководителката од одделението за образование на општина Бутел. По завршување на придредбата гостите ги погледнаа штандовите и ја доживеа европската култура и традиција.