Monthly Archives: October 2018

Општински квиз натпревар по ППЗ

На ден 30.10.2018 година се одржа 34 општински квиз натпревар по ППЗ во ООУ “Александар Македонски”. Екипата на ООУ “Лазо Ангеловски”, составена од Мила Спасевска IX-6 одд., Ива Даутовска VIII-5 одд. и Дафне Атанаскова од VIII-3 одд. имаше успешно учество. Ментор: Жаклина Колевска

thumbnail

Интерна обука “Формативно следење на постигнувањата на учениците” и “Креирање на описна оценка”

На ден 16.10.2018 година Тимот за оценување и унапредување на постигнувањата на учениците реализираше интерна обука/работилница за развивање на компетенции кај  наставниците  за следење на постигањата на учениците на тема “Формативно следење на постигањата на учениците, а на ден  25.10.2018 година интерна обука на тема “Креирање на описна оценка”.

XIX Општински натпревар „Млади библиотекари“

На ден 26.10.2018 година се одржа XIX Општински натпревар „Млади библиотекари“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Натпреварот се организира секоја година за сите општински основни училишта од Скопје, од страна на Библиотекарското здружение на Македонија.

На овој натпревар учествуваа ученичките Гала Додевска и Јана Тасевска од VII одд., под менторство на библиотекарот Благица Ангеловска. Ученичките покажаа посeбен интерес и успех за подготовка и проучување на материјалот.

Целта на натпреварот „Млади библиотекари“ е воведување на младите генерации во основните поими на библиотекарството, неговиот развој, работа и значење, а воедно и поттикнување на читањето и развивање на навиките за користење на библиотеките како културно-образовни и информативни институции.

received_735561170124765

Месец на штедење

На ден 19.10.2018 година претставници од НЛБ Банка во II-2 и III-5 одд. одржаа презентација која беше  поврзана со Месецот на штедење, а воедно и на безбедноста во сообраќајот. Беа  споделени  и корисни совети за штедење, можностите за штедење и  забавната страна на штедењето.

Учениците  изработија цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. Цртежите ќе учествуваат на натпреварот организиран од страна на НЛБ Банка во рамките на акцијата ,,НЛБ Месец на штедење“.

10-тата меѓународна конференција за усовршување на професорите по англиски јазик

Наставниците по англиски јазик Емица Здравев и Мирослава Павлова Аневска ја посетија 10-тата мегународна конференција за усовршување на професорите по англиски јазик “Educate and empower: from a more creative and enlighten teacher to a more forceful and cultivated students” одржана од 19.10.2018 – 21.10.2018 год. во Струга.

Предавачи на обуката беа македонски и меѓународни предавачи од Англија, Грција, Италија, Малта, САД, Косово, Бугарија, Хрватска и други земји. Конференцијата изобилуваше со презентации кои вклучуваат современи и практични методи и трендови во наставата по странски јазици, стратегии за работа со ученици со дислексија како и позитивни искуства споделени од наши колеги кои ни овозможуваат професионален и личен развој.