Monthly Archives: October 2018

Фестивал на сочни фигури

На ден 16.10.2018 година ДСУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје, преку секцијата за здрава храна и во соработка со „Слоуфуд Св. Наум Охридски“ и оваа година организираше Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“ на кој учествуваа ученици од петто одделение од нашето училиште со свои изработки од овошје и зеленчук.

Учениците на настанот ја покажаа својата креативност преку одличните изработки за што добија пофалници од организаторот.

Републичката детска ликовна изложба „11 ти Октомври“

На ден 09.10.2018 година се одржа свечено доделување на дипломи од Републичката детска ликовна изложба „11 ти Октомври“. Конкурсот беше организиран од Детскиот ликовен центар, под покровителство на Министерството на култура, каде што и се одржа свеченато фоделување на наградите.

Ученици од нашето училиште учествуваа на ликовниот конкурс по повод празникот „11 ти Октоври “, на слободна тема и беа освоени следните награди:

  • Дона Арсова V-3 одд -прво место (ментор: Марина Нанева)
  • Елена Велкоска V-4 одд-прво место (ментор: Светлана Јосифоска)
  • Ива Бошеска V-2 одд-прво место (ментор: Билјана Спасовска)
  • Дамјан Трипуновски V-3 одд-второ место (ментор: Марина Нанева)
  • Мила Јованоска V-1 одд-второ место (ментор: Билјана Колевска)
  • Калина Танеска I-4 одд-трето место (ментор: Марија Матеева)
  • Марија Станчева VIII одд-прво место (ментор: Ристо Андреев)

 

 

Предавање од Црвен Крст

На ден 05.10.2018 година во организација на Црвениот Крст на Општина Кисела Вода, волонтери на Црвениот Крст на Општина Кисела Вода во склоп на активностите на ученичкиот клуб започнаа со спроведување на активности содржана во планот за работа на училишните клубови на територија на Република Македонија.

Ивона Трајковска е назначена за раководство на училишниот клуб на ООУ „Лазо Ангеловски“.

Во соработка со Црвениот Крст во Даре Џамбас беше организиран ликовен и литературен конкурс на тема „Хуманост и јас како волонтер“.

Волонтерите во нашето училиште реализираа предавање од областа на давање на прва помош при што ги запознаа учениците со санитетскиот материјал кој се користи при давањето на прва помош и  со неколку вежби за давање на прва помош.

Предавањата беа корисни и интересни за учениците при што дел од нив земаа активно учество во демонстрирањето на давање на прва помош. На предавањето земаа учество учениците од VII-IX  одделение.

Детската недела

Во рамките на детската недела, учениците – првачиња од ООУ”Лазо Ангеловски”, општина Аеродром, на ден 05.10.2018 година свечено, со ветување пред своите наставници и соученици, пристапија во детската организација.

43223412_720674878267045_58471830796632064_n 43293058_234302767440428_4682182533587140608_n