Daily Archives: 08/10/2018

Предавање од Црвен Крст

На ден 05.10.2018 година во организација на Црвениот Крст на Општина Кисела Вода, волонтери на Црвениот Крст на Општина Кисела Вода во склоп на активностите на ученичкиот клуб започнаа со спроведување на активности содржана во планот за работа на училишните клубови на територија на Република Македонија.

Ивона Трајковска е назначена за раководство на училишниот клуб на ООУ „Лазо Ангеловски“.

Во соработка со Црвениот Крст во Даре Џамбас беше организиран ликовен и литературен конкурс на тема „Хуманост и јас како волонтер“.

Волонтерите во нашето училиште реализираа предавање од областа на давање на прва помош при што ги запознаа учениците со санитетскиот материјал кој се користи при давањето на прва помош и  со неколку вежби за давање на прва помош.

Предавањата беа корисни и интересни за учениците при што дел од нив земаа активно учество во демонстрирањето на давање на прва помош. На предавањето земаа учество учениците од VII-IX  одделение.