Monthly Archives: November 2018

Литературна манифестација “Средба под јаворите”

Ученичката Елена Велкоска од V4 одд. под менторство на одделенскиот наставник Светлана Јосифоска ја освои првата награда во категоријата од IV и V одд. што се одржа на литературната манифестација „Средба под јаворите“-Видое Подгорец во Струмица во соработка со Издавачката куќа „Просветно дело“.

На манифестацијата беше организирана работилница за креативно пишување и творење со писателите Киро Донев и Горјан Петрески, посета на Градска библиотека во Струмица „Благој Јанков Мучето“, посета на родната куќа на Подгорец  и ОУ „Видое Подгорец“во село Колешино. Учениците од целата наша држава имаа прекрасна дружба преку размена на пријателство и стекнување на ново другарство и соработка.

Еколошки активности по повод Патрониот празник

Во периодот од  02.11.2018 година до 12.11.2018 година се реализираа низа на еколошки активности преточени во еколошки акции и кампањи по повод Патрониот празник на училиштето. За таа цел се изготви план на активности со соодветни насоки по кои се водеа наставниците и учениците. Се формираше комисија и се избраа под три најдобри акции,кампањи и видеа на ниво на генерација.

Прво место за:

  • Еко кампања Заштеда на енергија и вода I 1
  • Еко кампања Македонија без отпад II 4
  • Еко кампања Заштеда на енергија и вода III 1
  • Еко кампања Заштеда на енергија и вода IV 2 и 3
  • Еко акција Спаси ја хартијата, спаси го дрвото V  1
  • Еко кампања Македонија без отпад VII 1
  • Еко кампања  За чиста и здрава средина VIII 5
  • Eко кампања  За чиста и здрава средина IX 1

Второ место за:

  • Еко кампања  Заштеда на енергија и вода I 2
  • Eко кампања Македонија без отпад II 1
  • Еко кампања Заштеда на енергија  и вода III 2
  • Еко кампања Заштеда  на енергија  и вода IV 5
  • Еко акција  Спаси ја хартијата, спаси го дрвото V 6
  • Еко кампања Македонија без отпад VII 4
  • Еко кампања За чиста и здрава средина  VIII 3
  • Еко кампања За чиста и здрава средина  IX 2

Трето место за:

  • Еко кампања  Заштеда на енергија и вода I 3
  • Eко кампања  Македонија без отпад II 2
  • Eко кампања Заштеда на енергија и вода III 3
  • Eко кампања Заштеда на енергија и вода  IV 1
  • Eко акција Сообракај без автомобили V 4
  • Еко кампања За чиста и здрава средина VIII 4
  • Еко кампања За чиста и здрава средина IХ 5

Химна на ООУ „Лазо Ангеловски“

На конкурсот за текст на химна на училиштето кој беше објавен крајот на мај месец, од учениците кои конкурираа беше избран текстот на ученичката Ива Даутовска од VIII-5 одд, од страна на комисија на наставници и стручни соработници од училиштето.

Музиката и аранжманот ги напиша Ванчо Јовчев, а беше снимена во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев.

Химната беше изведена од страна на солистите и хористи на ООУ„Лазо Ангеловски“: Илија Јовчев, Анастасија Георгиевска, Сара Бурнеска и Мила Цветковиќ под менторство на наставникот по музичко образование Тања Крстевска.

Химната свечено беше претставена за време на пригодната приредба по повод патрониот празник на училиштето на 01.11.2018 година со која беше обележано 30 години постоење на нашето училиште.

Ноември – месец на науката 2018

На ден 10.11.2018 година се одржа манифестацијата „Ноември – месец на наука 2018“ во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астрономско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Во групата: природни науки од прво до четврто одделение

  • второ место за изведување на експеримен (Пренесување на вода кај растенијата) освоија ученичките Нина Панчевска и Калина Поповска од II одделение, наставник-ментор: Кристина Башовска;
  • второ место за изведување на експеримен (Модел на циклус на вода) освоија учениците Марко Панчевски и Мила Манева од IV одделение, наставник-ментор: Жанета Митровска.

Во групата по физика:

  • Мила Пандилеска од IX-5 одд, учество во манифестација и учество во 42 школа за физичари, наставник-ментор: Жаклина Колевска.

Во групата природни науки и географија:

  • прва награда: Сара Митевска и Бисера Ацеска VI-2 одд. (експериментот  ”Лимон батерија”)
  • трета награда: Катерина Иванова и Теодора Саздановска VI-6 одд. (експериментот “Месечеви мени”)
  • трета награда: Деана Стојановска VI-4 одд. (експериментот “Креда во боја”)

Ученици кои се представија со експерименти и изработки се:

  • Пела Серафимов и Лука Ѓриќ VI-1, Сара Костова и Матеј Цветковски VI-1, Анастасија Мангарова и Симона Велкоска  VI-3, Моника Гиразова и Тина Туџарска VI-4,Сара Стевановска VI-4, Екатерина Атанасова VI-4, Ена Велеска и Софија Тасиќ VI-4  одделение.

Ученицте беа  под менторство на наставниците Весна Јорданова природни наки и Ане Аврамовска географија.