Monthly Archives: November 2018

Сообраќајно-воспитната акција „Поддржуваме безбедна иднина“

На ден 09.11.2018 година се реализираше сообраќајно-воспитната акција „Поддржуваме безбедна иднина“ пред трговскиот центар „Капитол мол“ во Општина Аеродром.
Оваа акција е дел од едукативните проекти од областа на сообраќајот, во кои се вклучени ученици од седмо и осмо одделение од ООУ „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“.
Специјално формираните училишни сообраќајни единици составени од ученици од овие две основни училишта  имаа посебна улога во однос на регулирањето на сообраќајот, под надзор на полициските службеници.
Акцијата ја спроведува Одделението за превенција при СВР – Скопје во соработка со Општина Аеродром и компанијата „Пнеуматик“.

Патронен празник

Во периодот од 25.10 – 01.11.2018 година во ООУ “Лазо Ангеловски”, по повод патрониот празник на училиштето се спроведоа низа активности. Оваа година нашето училиште бележи 30 години од своето постоење.

Се одржаа традиционалните “Игри без граници”, во рамките на спортските денови. Се одржа литературно читање и ликовен хепенинг кадешто нашите ученици твореа и креираа за нашиот патрон.

На 01.10.2018 год. со почеток во 18:30 часот се одржа пригодна приредба. Особена чест ни беше посетата на поранешни наставници и директори како и присуството на првата директорка на нашето училиште, Веселинка Иванова.

Кампања: Вози велосипед

Цел на кампањата: Подигнување на свеста за грижa за животната средина

Целна група: ученици, родители, наставници, жители на општина Аеродром

На 31.10.2018 година во училиштето, училишниот двор и непосредната околина во општина Аеродром се реализираше кампањата „Вози велосипед“. Учество земаа учениците од актив петто одделение и одделенските наставници Светлана Јосифоска и Марина Нанева. Во непосредната околина на училиштето, во училиштето и училишниот двор учениците делеа флаери со текст за подигнување на свеста за почесто користење на велосипедот како превозно средство, да бидат пример за нашата заедница со користење на ова алтернативно превозно средство, да ѝ направат услуга на животната средина со тоа што ќе придонесат за намалување на загадувањето на воздухот. Учениците комуницираа, им даваа флаери и правеа анкета со минувачите, родителите и вработените на училиштето, разговараа дали во нивниот превоз е застапен велосипедот, дали околината има безбедна зона за оставање на велосипеди и слично.