На ден 14.11.2018 година учениците од II-1 и II-4 одд. учествуваа на предавање за сообраќај организирано од страна на претставници од полициската станица Аеродром.
Daily Archives: 18/11/2018
Литературна манифестација “Средба под јаворите”
Ученичката Елена Велкоска од V4 одд. под менторство на одделенскиот наставник Светлана Јосифоска ја освои првата награда во категоријата од IV и V одд. што се одржа на литературната манифестација „Средба под јаворите“-Видое Подгорец во Струмица во соработка со Издавачката куќа „Просветно дело“.
На манифестацијата беше организирана работилница за креативно пишување и творење со писателите Киро Донев и Горјан Петрески, посета на Градска библиотека во Струмица „Благој Јанков Мучето“, посета на родната куќа на Подгорец и ОУ „Видое Подгорец“во село Колешино. Учениците од целата наша држава имаа прекрасна дружба преку размена на пријателство и стекнување на ново другарство и соработка.