На ден 19.12.2018 година во ООУ „Лазо Ангеловски“ во рамките
на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието се реализира
работилница за изработка на новогодишни честитки.Учениците од четврто и
петто одделение од двете партнер училишта ООУ „Лазо Ангеловски“ и
ООУ „Алија Авдовиќ“ заеднички преку воннаставни активности другаруваа и учеа
за прославувањето на новогодишните празници кај двете етнички заедници
(македонската и албанската).
На почетокот на работилницата учесниците од двете страни научија како
се посакува „Добредојде“ на двата јазика, како и зборови поврзани со
пријателството (љубов, мир ,слобода, другар, дете, честитка, празник, зима и
сл.)
Учениците од нашето училиште на кратко ги запознаа гостите со животот
и работата на нашето училиште. Беа презентирани македонските
традиционални обичаи за време на празниците Божиќ и Бадник. Гостите беа
послужени со божиќен чај и божиќни колачиња.
Учениците во „мешани“ групи изработуваа честитки за Нова година. При
тоа меѓусебно соработуваа и беа поттикнувани,охрабрувани од страната на
наставниците од двете училишта.
Активностите придонесоа за позитивна атмосфера, опкружување ,
унапредување на меѓуетничкото интегрирано образование кај младите.