На 20.12.2018 година учениците од генерацијата III одд. преку песни, драматизација и игра ја испратија старата и со најубави желби за среќа, радост и мир, ја пречекаа Новата година.
На ден 21.12. 2018 година, актив прво одделение одржаа пригодни новогодишни приредби, секој во својата училница. Учениците се претставија со рецитации и ритмички точки во духот на новогодишните празници. Исто така првачињата организираа и новогодишна работилница во соработка со родителите.