Monthly Archives: February 2019

Посета на куклената претстава “Девојчето и дванаесетте месеци”

На 21-ви и 22-ви февруари 2019г. учениците од прво одделение во раководство на своите наставници во придружба на училишниот библиотекар, ја посетија куклената претстава “Девојчето и дванаесетте месеци” во Театарот за деца и младинци во Скопје. Целта на оваа посета е развивање на културни навики кај учениците, запознавање на учениците со театарските објекти за деца.

XIX Општински натпревар „Млади библиотекари“

Доделени награди за освоено прво и второ место на XIX Општински натпревар „Млади библиотекари“
Во рамките на Манифестацијата „Читатели рекордери“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, на 22.2.2019 година беа доделени наградите за освоеното прво место на ученичката Јана Тасевска и за освоеното второ место на ученичката Гала Додевска на XIX Општински натпревар „Млади библиотекари“, под менторство на библиотекарот Благица Ангеловска.

Одбележување на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

На ден 21.2.2019 година се одржа поетско читање по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Претходно беше распишан училиштен литературен конкурс на тема „Стихови за мојот мајчин јазик“ за учениците од III до IX одделение, во рамките на училишната библиотека. На овој конкурс се пријавија ученици со лични поетски творби, а од нив беа избрани најуспешните.

Одделенска настава:
1. место: Сања Попова 4-1 одд.
2. место: Марија Кузмановска 3-1 одд.
3. место: Деа Јаначковска 5-2 одд.

Предметна настава:
1. место: Даријан Атанасовски 6-6 одд.
2. место: Катерина Иванова 6-6 одд.
3. место: Борјана Коцева 9-2 одд.

Сите ученици коишто учествуваа на литературниот конкурс се пофалени за нивното учество.

Интернационален натпревар по англиски јазик Hippo 2019

На ден 22.02.2019 година во нашето училиште се одржа првиот круг од Интернационалниот натпревар по англиски јазик Hippo 2019. На натпреварор учество земаа  127 ученици од V-IX одд. кои се натпреваруваа во 3 категории.

Општински натпревар по физика

На ден 02.02.2019 година се одржа општински натпревар по физика.
Учениците од нашето училиште ги постигнаа следните резултати:
  • Милијана Стојановиќ од VIII-4 одд. освои 100 поени (единствена на ниво на општина)
  • а учениците: Мариела Стефановска VIII-4 одд, Марија Станчева VIII-3 одд, Тамара Соколовска VIII-3 одд, Вања Секуловска VIII-2 одд, Марија Давитковска VIII-2 одд, Дафне Атанасова VIII-3 одд, Мила Цветковиќ VIII-2 одд, Мила Трајановска VIII-1 одд, Мила Спасевска IX-6 одд и Мила Пандилеска IX-2 одд се пласираа за регионален натпревар.
Ментор – Жаклина Колевска