Daily Archives: 04/03/2019

Национални ознаки за квалитет за еТвининг проектот „Младите и медиумите“

еТвининг проектот „Младите и медиумите“ (Young and media) е инетернационален еТвининг проект помеѓу 5 партнер-училишта: нашето училишете од Македонија и училишта од Хрватска, Србија, Романија и Шпанија. Целта на проектот е истражување на навиките за употреба на медиумите кај учениците од 5 училишта инволвирани во проектот кое ќе претставува основа за нов Еразмус+ КА229 проект следната година. Во фокусот на истражувањето е испитување на навиките на учениците за употребата на медиумите. Проектот беше реализиран во периодот од декември 2018 до февруари 2019 година.

Screenshot_2019-01-02 Twinspace

За таа цел во месец декември 2018 година беа спроведени Анкети за:учениците од 5 и 6 одд и учениците од 8 и 9 одд. Во прилог се линковите од резултатите од спроведените анкети:

Во понатамошниот тек на проектот учениците од 5 училишта презентираат списанија за деца и тинејџери од своите земји, и направија презентации за нивните идоли од медиумите.

TwinSpace на проектот можете да го погледнете тука.

Сите активности во рамките на проектот преставуваат еден вид на истражување и основа за започнување на нов КА229 проект, кој доколку е одобрен ќе се проведува од 09.2019-08.2021.

Меѓудругото, еТвининг проектот во месец март 2019  се здоби со Национална ознака за квалитет.

b5ccfb0d b6dc3ccdreceived_778853529156739