Monthly Archives: April 2019

Регионален натпревар на хорови, оркестри и солисти

На ден 18.04.2019 година се одржа Регионален натпревар на хорови, оркестри и солисти. ООУ”Лазо Ангеловски” зема учество во сите 3 категории и ги постигна следните резултати:

  • Хорот освои 1во место со 99 бода и директно се пласираше на Државен натпревар
  • Оркестарот освои 1во место со 92 бода.

Солистите ги постигнаа следните резултати:

  • Анастасија Илиевска 1во место 92 бода
  • Мила Цветковиќ 1во место 94 бода
  • Борјана Коцева 1во место 94 бода
  • Сара Бурнеска 2ро место 87 бода
  • Ангела Зимбакова 2ро место со 82 бода
  • Јулија Ѓорѓиевска 2ро место со 84 бода
  • Сара Бурнеска и Петра Кантурска 2ро место со 81 бод.
  • Марио Немет се натпреваруваше во категоријата најдобри инструментални интерпретатори и освои 98 бода и директно учество на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР.

 

Државен натпревар по географија

На 19.04.2019 година се одржа Државниот натпревар по географија. Натпрварот е организиран од страна на Македонското Географско Друштво во Природно- математичкиот факултет. Од нашето училиште ученичките: Катерина Иванова VI-6 одд. и Гала Додевска VII-3 одд. освоија трета награда на Државниот натпревар. Наставници ментори: Ане Аврамовска и Јулијана Максимовска

Ликовен конкурс „Моите соседи како мои пријатели“

На 18.04.2019 година се оддржа ликовен конкурс во Капитол мол во организација на Општина Аеродром во соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и Европското движење во Република Македонија по повод одбележивањето на 9-ти Мај – Денот на Европа. Оваа година по десети пат се организира ликовен конкурс на тема „Моите соседи како мои пријатели“. Се бираа најдобри изработки во три категории деца од претшколска возраст, ученици од одделенска и предметна настава.

Од ООУ„Лазо Ангеловски“ Ангела Зимбакова од VIII-3 одделение освои прво место под менторство од наставникот Ристо Андреев. Ученичката Анастасија Шеретова од IV-5 одд. како претстаник за одделенска настава го претставуваше нашето училиште. Честитки и за двете ученички!

Регионален натпревар по германски јазик

На регионалниот натпревар по германски јазик, организиран од страна на Здружението на наставници по германски јазик што се одржа на 06.04.2019 година, ученичката Марија Златаноска од VIII-4 одд. освои 94 од можни 100 поени и со тоа се пласираше за учество на државниот натпревар по германски јазик што ќе се одржи на 23.04.2019 година.