Monthly Archives: April 2019

Ликовен конкурс „Моите соседи како мои пријатели“

На 18.04.2019 година се оддржа ликовен конкурс во Капитол мол во организација на Општина Аеродром во соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и Европското движење во Република Македонија по повод одбележивањето на 9-ти Мај – Денот на Европа. Оваа година по десети пат се организира ликовен конкурс на тема „Моите соседи како мои пријатели“. Се бираа најдобри изработки во три категории деца од претшколска возраст, ученици од одделенска и предметна настава.

Од ООУ„Лазо Ангеловски“ Ангела Зимбакова од VIII-3 одделение освои прво место под менторство од наставникот Ристо Андреев. Ученичката Анастасија Шеретова од IV-5 одд. како претстаник за одделенска настава го претставуваше нашето училиште. Честитки и за двете ученички!

Регионален натпревар по германски јазик

На регионалниот натпревар по германски јазик, организиран од страна на Здружението на наставници по германски јазик што се одржа на 06.04.2019 година, ученичката Марија Златаноска од VIII-4 одд. освои 94 од можни 100 поени и со тоа се пласираше за учество на државниот натпревар по германски јазик што ќе се одржи на 23.04.2019 година.

Регионален натпревар по хемија

На ден 06.04.2019 година се одржа регионалниот натпревар по хемија. Учениците ги постигнаа следниве резултати:

  • II (втора) награда и пласман за државен натпревар – Марија Станчева од VIII-3 одд.
  • Петра Кантурска од VIII-3 одд (пофалница)
  • Бисера Ѓуровска од IX-2 одд (пофалница)
  • Мартин Стевановски од VIII-3 одд (сертификат).

Ментор: Жаклина Трајковска

Регионален натпревар по англиски јазик

На 13.04.2019 година беше одржан регионалниот натпревари по англиски јазик. Учениците од нашето училиште ги освоија следните резултати:

VI одделение

  • прво место (100 поени): Теона Тренеска VI-5 одд – продолжува на државен натпревар
  • трето место (98 поени): Сара Костова VI-1 одд - продолжува на државен натпревар

Ментор: Љубица Ружинска

VII одделение

  • единаесто место (82 поени): Миа Драгниќ VII-4 одд

Ментор: Маја Тенев

VIII одделение

  • петто место (91 поен): Милијана Стојановиќ - продолжува на државен натпревар
  • шесто место (90 поени): Мартина Јаначковска

Ментор: Мирослава П. Аневска