Daily Archives: 18/04/2019

Ликовен конкурс „Моите соседи како мои пријатели“

На 18.04.2019 година се оддржа ликовен конкурс во Капитол мол во организација на Општина Аеродром во соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и Европското движење во Република Македонија по повод одбележивањето на 9-ти Мај – Денот на Европа. Оваа година по десети пат се организира ликовен конкурс на тема „Моите соседи како мои пријатели“. Се бираа најдобри изработки во три категории деца од претшколска возраст, ученици од одделенска и предметна настава.

Од ООУ„Лазо Ангеловски“ Ангела Зимбакова од VIII-3 одделение освои прво место под менторство од наставникот Ристо Андреев. Ученичката Анастасија Шеретова од IV-5 одд. како претстаник за одделенска настава го претставуваше нашето училиште. Честитки и за двете ученички!