Monthly Archives: May 2019

Училишна посета на ОУ „Никола Тесла“, Загреб, Хрватска

Во периодот од 21-23.05.2019 година беше рализирана училишна посета на ОУ „Никола Тесла“ во Загреб, Хрватска, во рамките на договорот за соработка помеѓу двете училишта потпишан месец март 2019 година. На посетата од нашето училиште учествуваа: директорот, Перо Арсеновски, координаторот на Еразмус+ проекти и наставник по англиски јазик, Љубица Ружинска, наставник по биологија, Цветанка Малчевска, одделенските наставници, Билјана Колевска и Елена Гашевска и социјалниот работник, Александра Батиќ.

Цел на активноста:

  • обсервација на иновативни методи на подучување;
  • обсервација на практики поврзани со образовната организација, структура и менаџмент во училиштето домаќин;
  • размена на добри пракси.

Истовремено целта на посетата беше насочена кон:

  • унапредување на Европската димензија преку остварување на инернационални контакти.

Училиштето домаќин, за време на посетата, организираше активности во училитето: посета на часови, работилници, посета на училишен саем за претприемништво и разговори со различни членови од училиштето (наставници, ученици, родители итн.), како и социјални активности преку кои учесниците можеа да развијат интернационални контакти за реализација и промоција на идни проекти. Бидејќи училиштето домаќин, е училиште во кое се изучива и македонскиот јазик како изборен предмет, за време на посетата беше посетен и час по македонски јазик, каде што имавме прилика за се запознаеме и да поразговараме со учениците кои го изучуваат македонскиот јазик.

Со оглед на тоа дека и двете училишта се наградени со награда за еТвининг училишта и активно работат со Еразмус+ проектите, за време на посетата беше разговарано за можни идни еТвининг и Еразмус+ проекти.

Повеќе информации за посетата можете да дозанаете и во рамките на еТвининг проектот School visit 2019.

2019-06-02-20-28-twinspace.etwinning.net

Државен натпревар по физика

На 18.05.2019 година на ПМФ, Скопје се одржа Државниот натпревар по физика. Нашите ученици ги освоија следните резултати:

  • Милијана Стојановиќ VIII-4 одд- I место
  • Марија Станчева VIII-3 одд- II место
  • Мариела Стефановска VIII-4 одд - III место

Државен натпревар по биологија и природни науки

На 11.05.2019 година на ПМФ Скопје се одржа Државниот натпревар по биологија и
природни науки. На овој натпревар нашите ученици ги покажаа следнте резултати:
Природни науки V одделение
  • Ива Бошеска V-2 одд – I место
Природни науки VI одделение
  • Катерина Ивановска VI-6 одд - I награда, најдобра на Државиот натпревар со максимум освоени бодови
  • Теона Треневска VI-5 одд - III место
Биологија VIII одделение
  • Станчева Марија VIII-3 одд – II место
Биологија IX оддление
  • Марија Арџалиева IX-4 одд – III место

Натпревар по Ораторство

На 16.05.2019 година учениците од осмо одделение, Милијана Стојановиќ, Филип Петрески и Мила Трајановска учествуваа на натпреварот по Ораторство (подготвен говор на македонски јазик), под менторство на Костадинка Поповска и Благица Ангеловска, организиран во СУГС „Арсени Јовков“. Освен за учениците од средното училиште, овој натпревар се организира и за учесници од претходно пријавените основни училишта на територијата на Град Скопје.

Ученикот Филип Петрески со својот подготвен говор на темата „Насилството е проблем на новото време“ го освои првото место, а ученичката Милијана Стојановиќ го освои второто место со својот подготвен говор на темата „Биди свој – имај свое јас“.
Преку учеството на овој натпревар, учениците се докажаа како вистински оратори со својот моќен, сигурен и доминантен јавен настап, демонстрирајќи ги своите стекнати ораторски вештини и познавањето на суштинските елементи на јавното аргументирано говорење.

received_254927225343699