По завршувањето на поцесот на селекција на пристигнатите апликации за рокот за аплицирање кој траеше до 21-ви март 2019 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Хрватска ги објави резултатите од одобрените грантови од подакцијата КА219. ООУ „Лазо Ангеловски“ е едно од училишта со 2 одобрени гранта од 25.226 евра и 20.250 евра. Резултатите можат да се видат на следниот линк.
Првиот Еразмус+ КА229 проект е под наслов „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow), ќе се рализира во периодот од септември 2019 до август 2021 година. Училиште-координатор на проектот е “Sveti Petar” од Ореховец, Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “SCOALA GIMNAZIALA NR. 5” од Александрија, Романија , “Dositej Obradovic” од Чичевац, Србија и “IES Maestre de Calatrava” од Сијудад Реал, Шпанија.
Главната цел на проектот е развивање на медиумската писменост на учениците и наставниците на продуктивен начин преку публикување на дигитален училишен весник и креирање на работилници за медиумска писменост.
Проектни активности и резултати:
- Дигитален училишен весник (креиран од самите ученици)
- Веб страна на проектот
- Работилници за развивање на медиумската писменост (за ученици, наставници и родители)
- 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска)
- 4 ученички размени (Србија, Македонија, Шпанија и Романија) на теми: Моќта на медиумите, Медиумите и сензациолизмот, Лажни вести и Медиумите и социјалното однесување
- Конкурси за најдобар постер, видео, текст/приказна и дигитален стрип по повод Интернационалниот ден за заштита на интернет
- Дигиталн повеќе јазичен речник
- Збирка со дигитални апликации за употреба во наставата
- Збирка со добри пракси
Вториот Еразмус+ КА229 проект е под наслов Кретаивни читатели (Creative readers) во кој координатор е училиштето “Josip Kozarac“ од Липовљани. Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Zakladni skola a Materska skola” од Опава, Чешка , “4 DIMOTIKO PEFKON” од Грција и “Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola” од Салдус, Латвија.
Главна цел на овој проект е развивање на писменоста и поттикнување на учениците да читаат активно и критички со цел развивање на клучните компетенции и развивање на социјалната инклузија и зголемување на мотивацијата за читање.
Проектни активности и резултати:
- Обработка на лектирни дела со меѓупредметна корелација (македонски јазик со ликовно и музичко образование и странски јазици)
- Обработка на книжевни дела со употреба на иновативни техники
- Снимање на видеа и пишување на брошура со примери на добра пракса
- Консурси за обележување на Интернационалниот ден на мајчиниот јазик
- Средби со писатели и поети
- Веб страна на проектот
- 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска)
- 4 ученички размени (Чешка, Македонија, Грција и Латвија)