Monthly Archives: September 2019

Европски ден на јазиците

Европскиот ден на јазиците беше создаден за време на Европската година на јазиците во 2001 година, на иницијатива на Советот на Европа и Европската унија.

Одбележување на јазици значи прославување на различностите  и да се зборува на туѓ јазик.  Учење јазик е на дофат на секого. Ентузијазмот и добрата волја можат да отворат прозорци кон нови култури и хоризонти  затоа што јазикот е темел на човечкиот род на кој почива културна историја и традиција .

Во нашето училиште како и секоја година на 26.102019 година се одбележа  Денот на европските јазици со повеќе активности: читање, изработка на знамиња, пароли, поздравни акти на многу јазици и други симболи на земјите од Европа.

Дисеминација на активностите од Еразмус+ КА105 проект „Да го зачуваме минатото за идните генерации“

Во периодот од 10-19.09.2019 година учениците од VIII и IX одделение кои учествуваа во младинската размена во рамките на Еразмус+ КА105 проект „Да го зачуваме минатото за идните генерации“, која се одржа во Вуковар, Хрватска од 19-30.08.2019 година, ги презентираа активностите од рамената пред своите со-ученици од  VIII и IX одделени, со цел да го пренесат своето искуство до размената како и ново стекнатите знаења и развиените компетенции.

Исто така тие направија плакат на кој преку слики и краток опис ги прикажаа активностите и атмосферата за време на размената. Плакатот е поставен во аулата на училиштето.

23 24

На 20.09.2019 година учениците направија и презентација пред раководната служба од училиштето и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти.

Погледнете ја видео-репортажа во која се прикажни сите активности од размената направена од ученичката Анастасија Илиевска која беше учесник на рамената

Европска недела на мобилност 2019-ПЕШАЧИ СО НАС!

На 20.09.2019 година во ООУ”Лазо Ангеловски” се реализираа активности по повод Европската недела на мобилност 2019 Учениците од одделенска настава со своите наставници го одбележаа денот со пешачење по  Детската улица ,,Тоше Проески”. Целта на Европскста недела на мобилност да се потикнат учениците и граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење на јавниот транспорт.

Во рамките на Еко-секцијата која се реализира во училиштето  учениците пишуваа пораки за придобивките од пешачењето, го уредуваа училишното пано, изработија боенки и смислуваа пораки по повод неделата на мобилност.

Преку активностите учениците ја формираат и развиваат својата свест за здрав живот и рекреација, ги развиваат здравите навики  се поттикнуваат на љубов кон природата и водење грижа за своето здравје.

Презентација на Еразмус+ КА229 проектите

На 30.08.2019 година, помошник директор, Милена Игњатова и членовите од Тимот за Еразмус+ проекти направија презентација на двата Еразмус+ КА229 проекти пред Наставничкиот совет на училиштето, а на 19.09.2019 година беше направена и презентација на проектите пред Советот на родители.

Пред присутните беа претставени целите на проектите, планираните активности и очекуваните резултати.

Конкурс за лого за ЕРАЗМУС+ КА229 „Младите и медиумите: Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“

За потребите на проектот ЕРАЗМУС+ КА229 „Младите и медиумите: Млади новинари денес – одговорни граѓани утре“ се распишува конкурс за изработка на лого на проектот. На овој училиштен конкурс може да учествуваат учениците од VII, VIII и IX одделение. Изработките треба да се придржуваат до одредени правила.

Пропозиции:

  1. Логото може да биде изработено во која било графичка програма (апликација), но големината на логото треба да биде 1048 х 214 рiх;
  2. Предлог текст за логото е Young Journalists of Today – Responsible Digital Citizens of Tomorrow (да биде на англиски)
  3. Логото на проектот треба да асоцира на идејата на самиот проект; да биде извлеченo од целите како текст или во форма на фотографија. Ве молам внимавајте на буквите и нивната големина, тие треба да бидат читливи и да го содржат насловот на проектот. (информација за целите на проектот може да се најде на следниов линк https://youngjournalists.home.blog/about-project/
  4. Од сите изработени логоа ќе бидат избрани најдобрите 3 коишто ќе се натпреваруваат со останатите логоа од другите држави, партнери во проектот.
  5. Победничкото лого ќе биде поставено на заедничката веб-страна и на веб-страната на проектот за секоја држава.
  6. Авторот на победничкото лого ќе биде награден.

Изработените предлози треба да бидат испратени на мејлот на одговорниот наставник за Медиумската секција во ООУ „Лазо Ангеловски“  (vale.petrova@gmail.com), најдоцна до 18.09.2019 год. до 18:00 часот.