Monthly Archives: October 2019

Промоција на проектот ИоТ Аквапоничен рециклирачки систем

На ден 29.10.2019 год. во аулата на ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје се одржа промоција на проектот ИоТ Аквапоничен рециклирачки систем. Проектот е финансиран од страна на Фондот за*иновации и технолошки развој, преку програмата „Предизвик за млади истражувачи“. На промоцијата присуствуваа претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, претставник од општината Аеродром, ученици, наставници, стручни соработници и директорот од ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје. Учениците и наставниците, ментори на проектот, ги презентираа сите составни делови на системот, нивната функција како и нивната намена, претставувајќи го како иновативен систем. Имено, овој систем ја заштитува животната средина, ја заштедува употребата на водата и произведува здрава, органска храна. Воедно, учениците потенцираа дека ваквата нагледност на часовите по предметите од групата природни науки, доведува до полесно постигнување на наставните цели со што ја оправдаа одржливоста на овој проект.
Директорот на училиштето, Перо Арсеновски, посочи дека овој иновативен систем побудил заинтересираност кај претприемачи, партнери на училиштето и истиот ќе биде презентиран пред претставници на мали и средни претпријатија и високообразовни институции како ексклузивни презентери. Училиштето планира да ја патетира оваа иновација.

Еколошки активности

На 2.10.2019 год. во периодот од 10:30-12:00 часот во ООУ „Лазо Ангеловски” се реализираше еколошка акција со учениците за чистење на училишниот двор организирана од ЈП Комунална хигиена Скопје и Општина Аеродром.
На 7.10.2019 год. еколошката секција на IV одд. ги продлабочи знаењата на учениците за растенијата и засејаа повеќе видови на зачински растенија.
На 8.10.2019год. еколошката секција на I-2 одделение им пренесе знаења на учениците за растенијата, како се одгледуваат и негуваат. Во рамките на оваа активност засадија повеќе видови на цвеќе.
Eko 8 Eko 7 Eko 6 Eko Eko 5 Eko 4 Eko 3 Eko 1

Избрано логото за Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“

Во периодот од 11-20.09.2019 година беше распишан училишен конкурс за избор на лого за Еразмус+ КА229 проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“. Конкурсот можете да го погледнете на следниот линк.

На училишниот конкурсот беа поднесени 14 логоа кои беа шифрирани, а потоа со гласање на наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром, се одбраа три логоа што ќе ја претставуваат Македонија и нашето училиште. Автори на одбраните логоа на училишниот конкурс беа:

MK logo 1

Лого од Леон Јовановиќ и Драган Божиќ од VII-6 одд.

MK logo 3

Лого од Ана Ваљакова, Сара Костова и Давид Спасовски од VII-1 одд.

MK logo 2

Лого од Давид Боримечкоски и Даријан Атанасовски од VII-6 одд.

Во периодот од 01-04.10.2019 година следеше интернацоналното гласање и избор на логото на проектот. Интернационалниот гласење се состоеше од избор од 15 логоа (по 3 логоа од секое училиште партнер во проектот). Интернационалното жири се состоеше од претставници од секое училиште партнер во проектот, 3 наставници и 3 ученици. Интернационалниот конкурс и сите 15 логоа можете да го погледнете на следниот линк.

По завршувањето на интернационалтото гласање, со најголем број на гласови беше избрано Логото бр. 1 односно логото изработено од Леон Јовановиќ и Драган Божиќ од VII-6 одд. од нашето училиште. Избраното лого освен тоа што ќе биде објавено на веб страната на проектот, ќе биде испечатено на маички кои ќе бидат доставени за време на првата мобилност во Хрватка во октомври 2019 година, а авторот на победничкото лого ќе биде награден.

received_637049853491847IMG_20191028_155553

Означен 5 Октомври – Денот на учителот во ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје

На барање на Здружението на музички педагози, на 5 Октомври, интернационалниот ден на учителот, тим од наставници и стручни соработници при ООУ„Лазо Ангеловски“, општина Аеродром, Скопје, одржаа дисиминација на стекнати знаења и презентација на добри пракси.

За време на дисиминацијата се отворија дискусии за сите предизвиците со кои наставниците секојдневно се среќаваат во наставниот процес од областа на инклузивното образование. Воедно наставниците ги разменија искуствата, ги споделија добрите пракси и учеа едни од други. Прекрасно поминат ден на задоволство на сите присутни.