На ден 29.10.2019 год. во аулата на ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје се одржа промоција на проектот ИоТ Аквапоничен рециклирачки систем. Проектот е финансиран од страна на Фондот за*иновации и технолошки развој, преку програмата „Предизвик за млади истражувачи“. На промоцијата присуствуваа претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, претставник од општината Аеродром, ученици, наставници, стручни соработници и директорот од ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје. Учениците и наставниците, ментори на проектот, ги презентираа сите составни делови на системот, нивната функција како и нивната намена, претставувајќи го како иновативен систем. Имено, овој систем ја заштитува животната средина, ја заштедува употребата на водата и произведува здрава, органска храна. Воедно, учениците потенцираа дека ваквата нагледност на часовите по предметите од групата природни науки, доведува до полесно постигнување на наставните цели со што ја оправдаа одржливоста на овој проект.
Директорот на училиштето, Перо Арсеновски, посочи дека овој иновативен систем побудил заинтересираност кај претприемачи, партнери на училиштето и истиот ќе биде презентиран пред претставници на мали и средни претпријатија и високообразовни институции како ексклузивни презентери. Училиштето планира да ја патетира оваа иновација.